Штипјани против зголемувањето на старосната граница за пензионирање во Србија, велат во пензија треба и на 60 години

Наместо да се зголемува, старосната граница за пензионирање треба да се намали. Ова е ставот на дел од штипјани, по одлуката на Србија постепено да ја зголемува старосната граница за пензионирање на жените. Иако кај нас засега нема најави за вакви промени, граѓаните сметаат дека по цели децении работа, луѓето заслужуваат порано да заминат во пензија, а не до длабока старост да бидат на работното место. Според нив, пензионерските денови треба да се уживаат додека човек има сила и здравје, а не да се чека што подоцна.

Дополнително, граѓаните на терен велат дека старосната граница за пензионирање треба да се намали на 60 години, бидејќи сметаат дека по таа возраст е сè потешко да се продолжи со работа.

Инаку, од 1 јануари 2027 година, жените во Србија ќе одат во пензија на возраст од 64 години и два месеци, што е уште едно постепено зголемување на старосната граница.

Иван Митев, М-Нет