
Утре од 13:30 часот ќе се одиграат мечевите од 10. коло на Трета лига регион 3. Во Македонска Каменица ќе се одигра дуелот меѓу Каменица Саса и Турново, дуел каде право на грешка немаат „рударите“ за да ги освојат трите бодови на патот да ја стигнат Победа Валандово која е на врвот од табелата.
Токму „калинкарите“ играат дерби на Југот со Дојранско Езеро, гостинот од Дојран сака да биде првиот тим кој ја поразил Победа, а домаќинот не смее да погреши.
Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се соочи со Слога од Виница, домаќинот е фаворит за трите бодови, а пак Малеш ќе игра на домашен терен против последнопласираниот Карбинци, нов тежок меч за првио бодови на Карбинци во Берово.
Огражден од Ново Село утре ќе гостува во Делчево каде го очекува дуелот со Брегалница.
Во оваа коло слободна е екипата на Ударник од Пирава.
Александар Ванев, М-Нет