Баскет Кам ја освои Куп титулата, кошаркарките од Македонска Каменица сега целат на одбрана на шампионската титула

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

Женската кошарка во Македонска Каменица дефинитивно е спорт број еден, откако Баскет Кам ја освои Куп титулата овој викенд славејќи во финалето од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ против Крива Паланка со 68:74.

Ова ќе биде мотив повеќе сега кошаркарките од малото рударско гратче да се насочан кон одбрана на шампионската титула, а како најголем конкурент е токму Крива Паланка.

Овие две екипи и овде ќе водат силна борба за шампионската титула во Првата кошаркарска лига во женска конкуренција.

Купот во женска конкуренција се одржа во Македонска Каменица, кој помина со одлична организација, а притоа со тоа уште еднаш се потврдува приматот на спортски град, кој изминатиот викенд пулсираше во знакот на женската кошарка.

По 13 одиграни кола во кошаркарската елита екипата на Баскет Кам е на првото место со 24 бодови, еден повеќе од Крива Паланка која е втора со 23 бодови, Вардар е трет со 22 бодови, а пак Бадел и Пробаскет го делат четвртото место со по 21 бод.

Место во плеј-офот има за четири екипи, што значи дека една екипа ќе извиси.

На шестото место е МЗТ Бела Вода со 17 бодови и засега делува сигурно кога е во прашање опстанокот, а пак на дното се Спорт Тим и Патриот од Делчево со по 14 бодови и ќе водат трка за опстанок односно да се избегне последното место.

Прва таква шанса ќе има Патриот веќе овој викенд на гостувањето кај екипата на МЗТ, каде само победа е опција за тимот од Делчево.

Александар Ванев, М-Нет