Меѓусоседски проблем заврши со драма, 50 години создавал, а сега стои можноста да се сруши гаражата

Ваква беше сликата утринава на патот кон Мирјанина црква во Штип, меѓусоседски проблем заврши со драма. Соседот го пријавил Јакупов и неговото семејство дека изградил гража, која според него не била легализирана. По пријавата денеска на терен на патот кон Мирјанина Црква беа инспектори и полицијата, новата грдаба требаше да се сруши. А, како што тврди Јакупов документите за легализација стојат, исто како и платениот данок на имот. Куќата е изградена пред пет децении, и овде живее Јакупов со неговата сопруга и три малолетни деца. Со созли во очите пред камерите на М-Нет телевизија вели дека цел живот работел за да создаде за денеска некој да му сруши се.

„Пријавил не комшијата, зашто сум направил гаража. Отидел во инспекција, и еве инспекцијата дојде тука и сакаат да ме срушат. Мое е место, се е легализирано, плаќам данок. Куќата ја имам 50 години, работам за неа, печалам, имам три деца и правам за нив.“ – вели Јакупов.

„Со кредит, кратев од храната на децата за да изградам нешто“ – вели сопругата Јакупова. Додава дека дополнителниот ѕид е изграден со цел да се спречат кражбите со кои се соочуваат секојдневно. Дрва, возила се било предмет на кражба изминатиот период па принудени биле да заградат, а денеска да се соочат со ситуација да бидат срушени.

„15 илјади отидев во загуба, зедов кредит, они сега да рушат.“ – вели Јакупова.

Семејството Јакупови тврдат дека за се она што е изградено околу куќата имаат соодветни докуметни, и бараат под итно да се сопре процесот за рушење на градбата.

Лаура Стојанова М-Нет