Тренерот на ОК Штип УГД, Кристиан Ристески со ФИВБ Левел 2 лиценца

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Младиот стратег на одбојкарскиот клуб Штип УГД, Кристиан Ристески, успешно го мина меѓународниот ФИВБ Левел 2 курс за одбојкарски тренери, кој се одржа во Приштина, Косово.

Покрај Ристески, успешно процесот на предавања, практични сесии и професионално тестирање го помина и Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети.

Четворицата тренери со овој курс направија чекор напред во професионалната тренерска надградба и им останува уште еден семинар за да дојдат до највисокото ниво – ФИВБ Левел 3.

Ристески во изминатите неколку сезони испиша големи резултати со одбојкарскиот клуб Штип УГД, откако трипати во низа го освојува Купот на Македонија, а минатата сезона ја освои и шампионската титула за првпат во клупската историја и со тоа клубот од градот под Исарот ја обедини двојната круна, а штипјани исто така под водство на стратегот од Крушево обезбедија излез и во Европа и го имаа своето европско деби.

Александар Ванев, М-Нет