
Пред еден месец ставена, туршијата деновиве е готова за консумирање. Домаќинките велат дека веќе јадат од неа и дека е вкусна. Подготовката на зимницата е традиција која секоја есен се практикува во многу домаќинства. Пиперки, зелени домати, карфиол и друг сезонски зеленчук се дел од комбинацијата во буре, а секоја домаќинка има свој начин на подготовка, за туршијата да го добие препознатливиот вкус. Велат дека рецептот е едноставен, а за подготовка се потребни вода, оцет, сол и две шеќер, ловоров лист, црн пипер во зрно, а останатото по желба.
Оние што нема да подговаат туршија, велат дека не им се исплаќа, цените високи, па полесно им е зимата да ја поминат со неколку тегли кориншони од проданивца.
И покрај современиот начин на живот, традиционалните рецепти и понатаму се чуваат во некоја стара тетратка во домаќинствата. За домаќинките најважно е зимската трпеза да биде исполнета со домашно подготвена храна.
Иван Митев, М-Нет