Штипската ,,пача“ и годинава задолжителна за Богојавление

Пивтијата во Штип, позната како пача, и годинава ќе го најде своето место на празничната трпеза за Богојавление. Граѓаните веќе се подготвуваат и купуваат месо и коски за нејзина традиционална подготовка. Со часови варење и внимателно зачинување, ова јадење останува дел од домашниот ритуал. Пивтијата е повеќе од специјалитет, таа е наследство од старите штипски кујни. Но, која е тајната за вкусна пивтија?

Но, покрај повозрасните, пивтијата ја користат и помладите, граѓаните велат вкусно е, доколку се подгтови чисто и убаво.

Инаку, постои причина зошто нашите предци со задоволство приготвувале и јаделе пивтија! Пивтијата е полна со желатин, односно форма на колаген извлечен од кожа, коски и ‘рскавици од животинско потекло.

Иван Митев, М-Нет