Уредничката која ги прекина вестите кога почна војната во Украина: Син ми ме нарече предавник

Поранешната уредничка на руската државна телевизија Марина Овсијаникова, која во 2022 година ги прекина преносите на вести во живо, осудувајќи ја војната во Украина, рече дека нејзиниот син ја нарекол „предавник“ за нејзините постапки, додавајќи дека можеби никогаш нема да може да се врати во Русија.

Овсијаникова, родена во Украина, која беше уредничка на Канал 1, упадна на сетот на вечерните вести во март 2022 година, извикувајќи: „Стоп за војната. Не за војна“.

Таа држеше и натпис на кој пишуваше: „Не верувајте во пропагандата“. Овде ве лажат“. На англиски беше напишано: „Русите против војната“.

Текстот Уредничката која ги прекина вестите кога почна војната во Украина: Син ми ме нарече предавник е превземен од МАКФАКС.