Ти-Џеј Шортс прави трансфер во Басконија и ќе биде „недостапен“ за Македонија

Кошаркарска репрезентација на Македонија најверојатно нема да може веќе да ги користи на најновиот натурализиран кошаркар, Ти-Џеј Шортс. Тој одигра два натпревари за националниот тим, а игра одлично во дресот на Телеком Бон, па се наоѓа пред трансфер во редовите на Басконија.

Доколку потпише за шпанскиот клуб кој настапува во Евролигата, тогаш Ти-Џеј Шортс нема да добие дозвола за настап во репрезентацијата.

Познато е дека евролигашките клубови не ги пуштаат своите кошаркари да настапуваат за репрезентациите во прозорците со термини на ФИБА.

Текстот Ти-Џеј Шортс прави трансфер во Басконија и ќе биде „недостапен“ за Македонија е превземен од МАКФАКС.