Се засилува потрагата по лицето кое со „голф 4“ падна во реката Врадар кај Желино

Oд раните утрински часови продолжена е потрагата и се засилува по лицето кое со автомобил „голф 4“ падна вчера во водите на реката Врадар кај мостот во село Желино.

По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на л9окалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово. Истовремено е најавено пристигнување на специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.

Од 14.30, според официјалните извештаи добиено во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на терен од пладне е пристигната екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот. Исто така, во 13 часот од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум членови, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. Од страна на ЦУК има побарано еден хеликоптер од МВР и тој врши пребарување од 13.30 часот по течението на реката, почнувајќи од местото на настанот. Истовремено во потрагата се очекува интервенција од нуркачкиот тим од МВР. Потрагата продолжува, а за нови податоци од лице место ќе ве известиме по добивање на информациите.

Со почит,

Текстот Се засилува потрагата по лицето кое со „голф 4“ падна во реката Врадар кај Желино е превземен од МАКФАКС.