
На 03.01.2021 во периодот од 12.00 до 20.00 часот СВР Штип спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 55 прекршоци по акциската контрола и 18 останати прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Во истиот период била спроведена и акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Биле констатирани 45 прекршоци , од кои 3 по акциската контрола и 42 останати прекршоци кои се соодветно санкциoнирани.