Руската амбасада реагира: Османи во Украина шпекулираше за „жртви на руската агресија“

Руската амбасада во земјава реагира дека претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во Украина шпекулирал за жртви на руската агресија, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев.

„Кога Османи пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините. Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. „Се работи за луѓето“, велите?“, се наведува во реакцијата на амбасадата.

Османи за време на посетата на Украина го осуди рускиот напад на станбена зграда во Днипро, каде што загинаа повеќе од 40 лица.

Текстот Руската амбасада реагира: Османи во Украина шпекулираше за „жртви на руската агресија“ е превземен од МАКФАКС.