Рената Кралевска- музиката и пишувањето се музата во изразувањето

Талентираната Рената Кралевска која ја освои јавноста со својот глас, нејзиното секојдневие е музиката од која црпи енергија. На музичката сцена се појавила во 1997 година. Во 2003 година со песната „Сакам да сум“ учествувала на Детскиот евровизиски фестивал, нејзината кариера ја заокружува со настапот во 2009 година на музичкиот фестивал „Макфест“. Разликите до ден ден во музичката индустрија постојат бидејќи, секоја генерација си има свое време и печат. Мислам дека, треба повеќе да се почитува македонската музика да има поголем размер, да се има поголемо внимание и кон музичките изведувачи.

„Па, постојат разлики и мислам дека секоја генерација си има свое време. Треба да им се даде поддршка и на останатите музички изведувачи да покажат и тие со знаат.“Изјавува, Кралевска

Опишувањето на своите емоции го изразува преку пишувањето, а љубовта кон тоа ја навлекува да може да биде текстописец на дел од музичките изведби на нејзините колеги од музичката сцена. Инспирацијата потекнува од нејзиното секојдневие, извор каде се насобрани емоциите и нотите.

„Пишувањето е дел од мојата музика инспирацијата постои на секое различно место. Моменти од секојдневието, различностите кои ми претставуваат извор на создавање на музика. Во подготовка сме за нов проект со моја драга колешка, на која се потпишувам како текстописец за нејзината песна. Наскоро очекувајте имам големи изненадувања.“Изјавува, Кралевска

Надица Стојковска/ М Нет