Рајковиќ ќе остане тренер на ЦСКА Москва и следната сезона

Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и следната сезона ќе ја предводи ЦСКА Москва, тврдат медиумите од Русија. И покрај тоа што ЦСКА Москва ја загуби титулата во ВТБ лигата, раководството на клубот има доверба во македонскиот стратег.

Рајковиќ потпиша двегодишен договор, но ЦСКА Москва има право да го раскине по една сезона, доколку му плати одредена отштета. Сепак, тоа нема да се случи и Емил Рајковиќ ќе ги предводи „армејците“ во следниот шампионат, во обид за освојување на нови трофеи.

Претходно, медиумите во Русија најавуваа дека Емил Рајковиќ ќе замине од клупата на ЦСКА Москва и дека ќе го преземе Енисеј.

Текстот Рајковиќ ќе остане тренер на ЦСКА Москва и следната сезона е превземен од МАКФАКС.