Рашфорд ќе биде „фит“ за дербито на Манчестер

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, е на добар пат да ја добие битката со времето и да му биде на располагање на Ерик тен Хег за дербито на Манчестер на крајот од неделата. Англискиот репрезентативец повредата ја заработи за време на пресметката со лидерот во Премиерлигата, Арсенал, на почетокот на септември. На овој меч тој постигна два гола, а претходно погоди и во дербито со Ливерпул.

Сепак, повредата го исклучи Рашфорд од следните натпревари на Јунајтед, како и натпреварите од Лигата на нации за репрезентацијата на Англија.

Рашфорд веќе тренира и ќе биде на располагање за неделниот важен дуел за Манчестер Јунајтед.

Текстот Рашфорд ќе биде „фит“ за дербито на Манчестер е превземен од МАКФАКС.