Прв триумф за тандемот Ивановски – Бугариќ на турнирот во Скопје

Македонските тенисери Калин Ивановски и Берк Бугариќ остварија триумф во игра на двојки против тандемот од Индија на денешниот меч од Челенџер турнирот во Скопје.

Ивановски и Бугариќ триумфираа против Раџа Пурав и Дивиј Шаран од Индија со 2:1 во сетови (4:6, 6:1, 10:7).

Тие го загубија првиот сет, но покажаа надмоќна игра во вториот, а потоа и славеа со 10:7 за комплетирање на мечот.

За пласман во полуфиналето, Ивановски и Бугариќ ќе играат Петр Ноуза и Ендрју Полсон од Чешка.

Текстот Прв триумф за тандемот Ивановски – Бугариќ на турнирот во Скопје е превземен од МАКФАКС.