
Денеска беше донесена одлуката од страна на комисијата во ФФМ за казната за Башкими после инцидентот во Куманово на натпреварот на Башкими против Каменица Саса. Башкими е казнет со два натпревари како домаќин да игра на 100 км надвор од Куманово и парична казна од 2500 евра. Па така, следниот натпревар во недела што требаше да се игра во Куманово против екипата на Кожув Гевгелија ќе се игра надвор од Куманово.