Партизан му се одмазди на Асвел, Олимпијакос го „здроби“ Фенер

Партизан ја обезбеди најубедливата победа по камбекот во Евролигата, „уништувајќи“ го Асвел Лион со 92:71 во 22. коло од Евролигата, додека Олимпијакос го „збриша“ Фенербахче сред Истанбул со 93:73.

„Црно-белите“ со 11-11 скор остануваат во трка за плејофот, која ќе ја продолжат против Жалгирис во петок.

Во Истанбул, пак, Олимпијакос имаше неверојатни 30 поени предност на полувреме, за неверојатна победа, во која блеснаа Папаниколау со 21 поен и Кенан со 20 поени. За Фенер, Марко Гудуриќ имаше 24 поени.

ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО
Фенербахче – Олимпијакос 73:93 (10:24, 20:27, 21:26, 22:16)
Олимпија Милано – Басконија 89:83 (18:17, 22:17, 22:26, 27:23)
Барселона – Макаби Тел Авив 83:78 (20:15, 21:22, 21:30, 21:11)
Партизан – Асвел Лион 92:71 (25:16, 25:20, 26:15, 16:20)
Валенсија – Баерн Минхен 82:73 (16:14, 17:18, 28:24, 21:17)
Виртус Болоња – Црвена звезда 84:72 (30:14, 18:21, 22:16, 14:21)

Текстот Партизан му се одмазди на Асвел, Олимпијакос го „здроби“ Фенер е превземен од МАКФАКС.