Озлогласниот командант на Путин кој го надгледуваше масакрот на украинските војници пронајден мртов

Смртта на еден од најозлогласените команданти на руската армија, потполковникот Дмитриј Лисицки, предизвика бројни контроверзии. Имено, додека извори од Русија тврдат дека се самоубил со ловечка пушка, Киев наведува дека бил убиен од украинските вооружени сили за одмаздa за злоделата што војската на Путин под негова команда ги направила при повлекувањето од „Иловајскиот котел “ во 2014 година.

Неговата смрт прв ја пријави украинскиот новинар Јуриј Бутусов, кој тврди дека киевските сили „повторно го одмаздиле Иловаиск со ликвидирање на Дмитриј Лисицки“, пишува Јутарњи лист.

Од друга страна, Москва тврди дека Лисицки ги презел работите во свои раце по неколкумесечна борба со депресијата, што следеше по критиките во јавноста за неговото незаконско постапување со воениот персонал за време на војната во Украина.

Инаку, Лисицки беше награден со највисоките руски одликувања, меѓу кои и Орденот на херојот на Русија, и беше командант на првиот јуришен баталјон во 247-от полк.

Неговиот полк претрпе „тешки загуби“ додека Русија се повлекуваше од Харков минатата година, а како што тврди украински новинар, „ликвидацијата на Лисицки сериозно ќе ја ослабне борбената готовност на полкот“.

Текстот Озлогласниот командант на Путин кој го надгледуваше масакрот на украинските војници пронајден мртов е превземен од МАКФАКС.