
Од кандидат за градоначалник во 2013 година за Општина Карбинци, денеска господин Ристе од село Долни Балван, мака мачи со извршители и судови. Со многу мака, напор и труд создава семејство, топол дом, денеска се соочува со ситуација да треба да се исели од истиот.
Неговата животна голгота започнува пред неколку години, отакако по исплатена милионска сума пари Бањоглав утринава повторно се соочува со стара слика, налог да се исели од неговиот дом, во кој тој живее со неговата мајка, сопруга и две малолетни деца.
„Да не даде Господ да се случи на никој, исто како 1944/43 национализација истото се случува. Прашувам јавно и Премиерот и Претседателот на оваа наша држава дали јас имам право за живот со две мали деца да дојде извршителот на платен долг да ми го земе имотот да го обезвреди и да ми го земе и да го продаде на некој кој сака да го купи за смешни цени.“ – кажа Ристе.
Пред година и половина господинот Ристе се соочил со овој проблем. Бил иселен од неговиот дом на сила, за денеска повторно да ја доживее истата приказна.
Утринава екипите на полициските службеници заминаа од домот на господин Ристе, но овде не завршува неговата животна голгота. Услов е единствен тој и неговото семејство да го напуштат сопствениот дом.
„Цели 30 години сум вложувал труд за да направам нешто за сега да го изгубам за една ситница или за извршителка на мојот грб да оди на одмор во Дубаи“ – посочи Ристе.
За ситуацијата во село Долни Балван, одговор побаравме и од извршителката, но таа со одговор дека нема коментар за медиуми.
Ова не е прв ниту единствен случај на ваква слика во државата. Пред само два дена со иста ситуација се соочи и семејство Трајкови од Штип.
Лаура Стојанова М-Нет