
За време на „Д фестивал“ кој оваа година ќе се одржи во Штип се продолжи работното време на сите угостителски објекти. Тоа е во перидот од 4 до 6 јули оваа година, и тој период угостителите може да работат два часа повеќе од вообичаеното.
„Врз основа на член 23 став 2 од Законот за угостителска дејност, Општина Штип за одредени културни и друг вид на манифестации може да го продолжи работното време. Со оглед на тоа што Д фестивал оваа година ќе биде во Штип, во период од 4 до 6 јули, ќе биде продолжено работното време на сите угостителски објекти за време на манифестацијата.“ – вели Шорова-Агелова.
„Д фестивал“ оваа година за првпат ќе се одржи во Штип на помошниот терен на градскиот стадион по отворено небо. Фестивалот годинава е од хуманитарен карактер односно сите собрани финансиски средства ќе бидат наменети за повредените од пожарот во Кочани. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, со можност да се купи карта како донација. На „Д фестивал“ оваа година ќе настапат над 30 изведувачи од земјава и странство, на две поставени бини. Дополнително сите смествувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање на посетителите бидејќи нема да има кампинг зона.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет