Ненад Димитријевиќ ќе биде дел од олстар-мечот во ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, ќе биде дел од олстар-натпреварот во ВТБ лигата. Кошаркарот на Уникс Казан, игра одлично оваа сезона и заслужено доби место во одбраното друштво.

На овој спектакл ќе има место и за тренерот на ЦСКА Москва, македонскиот стратег Емил Рајковиќ.

Мечот ќе се одржи на 16 февруари, а кошаркарите се поделени на „New school“ и „Old School“. Димитријевиќ е во тимот „New school“, заедно со Џастин Робертсон, Џејлен Барфорд, Данил Касаткин, Дерил Мејкон, Самсон Руженцев, Сергеј Карасјов, Антон Астапкович, Андреј Лопатин и Никола Милутинов.

Текстот Ненад Димитријевиќ ќе биде дел од олстар-мечот во ВТБ лигата е превземен од МАКФАКС.