Миовски даде два гола за Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски продолжи со одлични игри во дресот на Абердин. Тој постигна два гола во дуелот против Килмарнок што неговиот тим го доби со 4:1.

Миовски првиот гол го постигна во 25. минута од пенал, а потоа пред паузата одлично се снајде пред противничкиот гол и го зголеми водството на неговиот тим. Теренот го напушти во 66. минута.

За Миовски ова е седми гол во шкотското првенство со што е на делба на второто место на листата на стрелците.

Текстот Миовски даде два гола за Абердин е превземен од МАКФАКС.