Малолетничките ќе бидат дислоцирани од затворот Идризово во друга институција

Малолетничките кои се наоѓаат во КПУ Идризово ќе бидат дислоцирани од затворот, па ќе бидат сместени во воспитно поправниот дом Тетово или во друго посоодветно место, изјави народниот правобранител на денешната прес-конференција. Рече дека во законот за извршување на санкции, КПУ Идризово е изземен како установа во која можат да се сместат малолетнички.

„ Со ова ќе се решат проблемот со лоши услови за престој, немање образовен процес, не добивање соодветна здравствена заштита, немање едукација и ресоцијализација и да се спречи контактот на малолетничките со осуденички, да нема дискриминација во поглед на малолетничките“ рече тој.

Текстот Малолетничките ќе бидат дислоцирани од затворот Идризово во друга институција е превземен од МАКФАКС.