Македонија освои сет, но повторно загуби на ЕП во ракомет на песок

Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз и во четвртиот натпревар на Европското првенство во ракомет на песок кое се одржува во Португалија. Во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на шампионатот, македонските ракометарки загубија од Италија со 1:2 во сетови.

Првиот сет го добија убедливо Италијанките со 12:28, но потоа Македонија возврати во вториот со 15:12. Сепак, Италија на крајот комплетираше триумф откако славеше со 4:6.

Најдобра кај Македонија беше Диневска со девет поени, а Гуличоска заврши со шест поени.

 

Текстот Македонија освои сет, но повторно загуби на ЕП во ракомет на песок е превземен од МАКФАКС.