Катастрофа на Футсал селекцијата на Македонија, а викендов продолжуваат првенствените средби

Вистински потоп доживеа македонската Футсал селекција на последниот квалификациски меч на гости со Романија во кој беа поразени со резултат 9:1 (6:0). Србија ја победи БиХ во гости со резултат 3:1 и го освои второто место во групата со 9 бодови, БиХ остана прва со 15 бодови, Романија е трета со 6 и Македонја четврта со 2 бода. Ова беше вистински дебакл на нашата селекција кој никој не го очекуваше. Викендот продолжува првенството со одигрување на 19 коло во кое се среќаваат:

  1. А. Бајрами – Шкупи
  2. Железарец – Мал Ајакс
  3. Јувентус С – Карадаку
  4. Астибо – Кратово
  5. Црна Река – Кеги Моби
  6. Проект Цико – Велес

Во Штип Астибо и Кратово ќе се сретнат во понеделник 19 април во 17.30 ч. без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk