Истражување: Украинските бегалци сè повеќе се мета на сексуална експлоатација

Украинските бегалци сè повеќе се мета на сексуална експлоатација со зголемен интерес за порнографија која наводно прикажува бегалци од земјата разурната од војна, укажува едно истражување на Томсон Ројтерс.

Томсон Ројтерс спроведе истражување кое покажа дека украинските бегалци можат да бидат жртви и на трговците со луѓе на терен и на сајбер-воајери.

Истражувачите, анализирајќи го глобалниот сообраќај на интернет пребарувачите, открија зголемен интерес за украинската порнографија откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Тие веруваат дека зголемениот интерес на интернет може да ги охрабри трговците со луѓе да работат почесто и со поголема неказнивост. Организацијата повика на итна акција за зајакнување на заштитата за заштита на украинските жени и деца кои се изложени на ризик од сексуална експлоатација.

Текстот Истражување: Украинските бегалци сè повеќе се мета на сексуална експлоатација е превземен од МАКФАКС.