ИПВ: Најавата на Путин е ирелевантна, војната се ближи кон крајот

Американскиот Институт за проучување на војната ја нарече најавата на Кремљ за плановите за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ирелевантна за ризикот од ескалација на конфликтот во нуклеарна војна.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги искористи западните стравови од нуклеарна ескалација со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија“, според Институтот.

Путин во саботата рече дека тактичкото нуклеарно оружје ќе биде лоцирано во поранешната советска република Белорусија и дека Минск и Москва се договориле за одлуката.

Институтот во својата најнова оценка рече дека продолжува да го „гледа Путин како актер кој не сака да ризикува, кој постојано се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје без никаква намера да го прави тоа за да ја наруши решителноста на Западот“.

Текстот ИПВ: Најавата на Путин е ирелевантна, војната се ближи кон крајот е превземен од МАКФАКС.