
Од денеска започна етапното исплаќање на семтемвриските пензии. Околу 330 илјади пензинонери на сметка ќе добијат пензии повисоки за 6.8% согласно согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.
Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите, потенцираат до Министерстовото за труд и социјална политика.
Инаку денеска започна испалатата на пензиите до 11 илјади денари. За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 септември (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Лаура Стојанова М-Нет