
Раздвижен пазарен ден во Штип. Убавото време ги измами граѓаните да излезат и да пазаруваат, но според нив високите цени на производите придонесоа само да се прошетаат и да се вратат назад. Некој само со килограм компи, друг пипер и домат колку за салата, се купуваа само оние производи за кои дозволуваше сируацијата во паричникот.
Според продавачите на пазарот цените велат се исти како и претходната година. Покачување не се бележи, а тие се задоволни од побарувачката. Има и доволно производство, само веќе нема кој да работи.
И денеска на пазарот во Штип најмногу се бараа призводите за зимница. Според продавачите овој тренд ќе се задржи уште неколку петоци. Потоа ќе почне поголема побарувачка на зелка, праз како и сезонско овошје.
Лаура Стојанова М-Нет