ЖРК Металург се засили со пивотмен од Црна Гора

Тимот на ЖРК Металург донесе странско засилување во своите редови за продолжението од сезоната во женската ракометна Суперлига.

Итана Лабовиќ која доаѓа од Црна Гора треба да ја засили пивотменската позиција. Таа има 21 година и доаѓа од тимот на Феникс од Подгорица.

Договорот меѓу Итана Лабовиќ и ЖРК Металург е потпишан на една сезона.

Текстот ЖРК Металург се засили со пивотмен од Црна Гора е превземен од МАКФАКС.