Жозе Мурињо и Рома му го загорчија животот на Интер

Рома стигна до голема победа (1:2) на „Џузепе Меаца“ против Интер нанесувајќи му го третиот пораз во последните четири меча во Серија А. Можеби ова ќе биде и последен меч за Симоне Инзаги на актуелниот вицепрвак.

Жозе Мурињо се врати во Милано и го тресна својот некогашен тим, а имаше сериозна помош од Пауло Дибала. Тој успеа да го израмни резултатот во 39.минута, откако Интер поведе преку Димарко девет минути претходно.

Победничкиот гол за Рома беше дело на Крис Смолинг во 75.минута од натпреварот.

Сега Рома има 16 бода, додека Интер остана само на 12, дури осум помалку од лидерот Наполи.



Текстот Жозе Мурињо и Рома му го загорчија животот на Интер е превземен од МАКФАКС.