Живее на душек без кров над глава – штипјанецот Гоце бара работа и топол дом

Веќе петта година по ред, душек и перница се целиот дом на штипјанецот Гоце. Млад ја губи мајка си, а заради притисок заминува од дома и живее на улица. Вели дека во скромниот дом кј го имаат нема место за сите и заради тоа излегува од куќата во која живеат неговиот брат со семејството и неговиот татко. Тешко е раскажува пред камерите на М-Нет телевизија, но полека се навикнал на ваков живот. Во аголот во Трговскиот центар во Штип вели оваа година ја поминал најстудената зима.

„Имам кров над глава ама излегов од дома за да имаат моите кај да живееат. Брат ми има две деца и татко ми е со нив, јас излегив од дома за они да имаат каде да живеат. И сега дојде моментот, навикнав се на овој живот и сакам да живеам слободно, се навикнав и сега вака живеам.“ – вели Стојадиновиќ.

Барал работа неколкупати до сега ама вели сѐ уште се води како невработен. Не зема ниту социјална помош, па се прехранува благодарение на хуманите граѓани кои секојдневно му помогаат. Бара помош, за да добие кров над глава и работа за да може да се прехранува.

„На почетокот кога дојдов овде спиев на картон, додека се навикнам и постепено се навикнав и луѓето ми помагаат цело време. Многу е тешко. Од градот ако може да ми помогнат едно мести ми треба каде ќе може да живеам. Невработен сум, барав секаде работа ама никој не ме прима.“ – додава Стојадиновиќ.

Гоце е еден од многумината штипјани кои живеат на улица и чекаат хуманост од граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет