Експресна победа на Ѓорческа во Оточец

Лина Ѓорческа лесно избори пласман во осминафиналето, на ИТФ фјучерс турнирот во Оточец, Словенија.

Најдобрата македонска тенисерка денеска со 2:0 ја победи Романката, Лавинија Танасие. Седмата носителка првиот сет го доби со 6:3, а вториот со 6:2.

За место во полуфианлето, Ѓорческа ќе игра против сонародничката на Танасие, Ирина Бара која е прва носителка на турнирот и 14.фаворитка Гијомар Маристани Де Реалес од Шпанија.

На турнирот во Оточец, Ѓорческа настапува и во двојки, заедно со Деа Хердзелас од Босна и Херцеговина. Во четвртфиналето нивни противнички се Романките Илинка Далина Амариеи и Кристина Дину.

Текстот Експресна победа на Ѓорческа во Оточец е превземен од МАКФАКС.