Една третина, односно 6800 решенија за данок на имот не се платени до 15 ноември во Штип

Една третина, односно 6800 решенија за данок на имот не се наплатени согласно предвидениот законски рок до 15 номеври. За истите се изготвуваат опомени за наплата и ако навремно не ги подмират своите обврски за данок на имот ќе се пристапи кон присилна наплата.

„Од издадените за 2025 година, 18500 решенија до сега се наплатени две третини и остануваат за наплата уште 6800 решенија. За истите ќе бидат изготвени опомени за наплата и оние кои нема да платат потоа следува и решенија за присилна наплата. Оние кои ќе си ги подмират обврските ќе немаат таков проблем.“ – вели Каров.

За оние кои не платиле до 15 номври ќе се пресметува камата, а потоа ќе се оди кон присилна наплата. Согласно Законот за даноци, пред пристапувањето кон присилна наплата општинската администрација му доставува писмена опомена на даночниот обврзник за да ги плати даночниот долг, паричните казни и каматата во рок од осум дена од денот на доставувањето на опомената на последната адреса што ја пријавил кај нив.

„Согласно Законот за сите оние кои го пропуштија рокот за плаќање без камата во иднина ќе биде пресметувана законска камата согласно Закон за имот.“ – додава Каров.

Праксата покажува дека изминатите години расте дисциплината кај даночните обврзници за навремено плаќање на данокот на имот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет