
Домашни јајца пред Велигден доста барани на тезгите на пазарот во Штип. Продавачите велат дека доаѓаат од светиниколско со цел да ги понудат и продадат своите домашни јајца. Иако е тешка работата, грижата за кокошките, има трошоци за храна, сепак домашните јајца се доста барани, бидејќи се многу поздрави за разлика од останатите. Се продаваат по цена од 12 до 15 денари.
„Тешко е, треба да се ранат и јајцата треба да се собираат веднаш, оти во спротивно матни ќе бидат. Домашните јајца се продаваат по 12 денари.“
Нашата соговорничка од Амзибегово вели дека долго време се занимава со производство на јајца, оти долго време чува кокошки.
„Колку можеш толку ќе чуваш.“
Освен домашните јајца пред големиот христијански празник Велигден се купуваат и јајца од маркетите. Како што посочија граѓаните засега цената е реална и достапна за нивниот џеб, па можат да си дозволат да купат доволно јајца. И од Групацијата за живинарство при Стпанската комора на Македонија истакнаа дека има доволно количини јајца кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните пред Велигден. Истовремено апелираат да се проверуваат роковите пред да се купат јајца за Влеигден.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет