
Викендот во Трета лига – Југ се играат натпреварите од 23. коло каде лидерот Борец на домашен терен ќе игра против Питу Гули, Росоман на домашен терен ќе го пречека Бучин, Влазними Јуниор ќе се соочи со Младост од Кривогаштани, Венец во Долни Дисан ќе игра против Превалец, во дерби на третиот и вториот на табелата, а пак Башкими од Јаболчиште ќе игра со Млекар.
Сите натпревари ќе се одиграа в недела.
Исто така, в недела ќе се играат мечевите од 22. коло на Трета лига – Север, каде лидерот Еуромилк ГЛ ќе игра дерби со БВК Коњаре, ако „лисиците“ слават тогаш веќе се е јасно за шампионската титула и за баражот за Втора лига. Беса во Слупчане ќе игра со Ржаничино, Куманово ќе игра дерби меч со Аердром, дерби за третото место, каде домаќинот е четврти, а гостинот е трети на табелата.
Пчиња треба да има лесна задача со Лопати, Студеничани ќе биде домаќин на Башкими Љуботен, Фортуна како фаворит ќе игра против „фенерџијата“ Отља, а пак Беса Сарај ќе го пречека некогашниот второлигаш Кадино.
Во Трета лига – Запад се играат натпреварите од 19. коло каде екипата на Ренова ќе биде слободна во оваа коло. Лидерот Камјани ќе го пречека тимот на Речица, каде домашниот состав е фаворит за трите бодови. Џепчиште ќе се судри со Вардар Брвеница тоа ќе биде дерби за третото место во Трета лига – Запад.
Љуботен ќе биде домаќин на кичевски Напредок, Доброшти ќе игра со Скендербег, а пак Дрита ја очекува тежок меч со фаворитот Влазерими.
На врвот во овој регион е Камјани со 43 бодови, пет повеќе од Влазерими кој е втор со 38.
Викендот се играат мечевите од 15. коло во Трета лига – Југозапад, колото се отвара в сабота со мечот меѓу Караорман и Демир Хисар, в недела Могила ќе игра дерби со Славеј, Напредок во Ношпал ќе го пречека лидерот Влазними, а пак Кораб ќе игра со Кравари. Тимот на Света Троица ќе биде слободен во оваа коло.
Што се однесува до табелата на првото место е струшки Влазними со 31 бод, со пет повеќе од Славеј кој е втор со 26 бодови, трет е составот на Могила со 25 бодови, а пак Кравари е четврти со 22 бодови.
Александар Ванев, М-Нет