
Денес е празникот Благовец, посветен на мајката Божја Богородица, кој се вбројува во постојаните празници и секогаш се паѓа на 7 април. Според Светото писмо На овој ден светиот архангел Гаврил и се јавил во архангелска светлина на Марија и и рекол дека е одредена од Бога да го роди Спасителот на светот Исус Христос. Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик. Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. И денес граѓаните ги посетија црквите, посакувајки си здравје, среќа и само благи и добри вести.
Инаку, денес именден празнуваат Благородна, Благој, Благојка, Баже и слично, а на овој ден според православната христијанска вера се јаде риба. Од почетокот на постите рибата се употребува само на благовец и на празникот цветници, кој е една недела пред Велигден.
Иван Митев, М-Нет