
Јавна дебата на тема предизивиците од Законот за управување со дополнителни текови отпад во четврток во Штип. Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип го организира настанот со цел да се процени колку заедницата и општеството се подготвени за имплементација на овој Закон кој треба да стапи на сила наредната година.
„Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип во четврток организира настан, јавна дебата во врска со предизвиците од Законот за управување со дополнителни текови со отпад. Овој Закон е донесен неоддамна, но неговата имплементација започнува од 1 јануари 2023 година. Сметаме дека е важно да дискутираме колку сме подготвени за стартувањето на имплементацијата на овој Закон. Во рамки на протектот 4Р ја организираме дебатата, но ќе се сподели и тоа што е реализирано во рамки на проектот“ – кажа Лонгурова – Гирова.
На настанот преставници ќе има од Локалната самоуправа во Штип, како и текстилниот сектор. Да се разгледаат обврските на општината, но и на самите трговци е целата која треба да резултира со успешна имплементација на новиот Закон.
„На дебата ќе има преставници од Локалната самоуправа кои ќе зборуваат околу делот на обврски на општината, но имаме и претставник кој е од текстилна компанија па ќе се зборува и од аспект на лица кои произведуваат текстил, има отпад, но се и трговци и во врска со нивните обврски согласно Законот.
Настанот е отворен за сите и може да го проследат и граѓаните. Започнува во 18 часот во канцеларијата на Малди хаб при Дом на култура „Ацо Шопов“ – Штип. На истиот освен дебата, ќе има моден перформанс, изложба на досега сработеното и завршување со пригоден коктел.
Лаура Стојанова М-Нет