Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Македонија ЃП, на М Нет Спорт: Осогово – Башкими

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а од истото ќе можете на М Нет телевизија да следите два натпревари.

Дербито од Штип меѓу Брегалница и лидерот Македонија ЃП ќе можете да го следите во живо преку директен пренос на М Нет телевизија.

Македонија ЃП дефинитивно го има најквалитетниот тим во лигата, во првото меѓусебно соочување „лавовите“ во Ѓорче во целост ја надиграа Брегалница совладувајќи ја со 3:0. Сега притисокот за трите бодови е голем и кај двете екипи.

Македонија ЃП ќе мора до триумф и три бодови со цел да го сочува првото место, а пак Брегалница ќе мора до позитивен резултат, а тоа би било само три бодови со цел да продолжи да ги напаѓа првите две места кои водат директно кон Прва лига, во секој друг случај ќе останат во игра барем за бараж за можен влез во Прва лига.

Дербито на колото од Штип меѓу Брегалница и Македонија ЃП ќе можете да го следите во живо преку директен пренос на М Нет телевизија со почеток од 16 часот.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да го следите во живо натпреварот од Кочани меѓу Осогово и Башкими, каде трите бодови се од капитална важност и за двете екипи. На пет кола до крајот во игра се 15 бодови математички Осогово може до директен опстанок, но за да се случи тоа ќе мора да триумфира веќе утре против Башкими, што нема да биде така лесно, бидејќи гостинот ќе биде фаворит за три бодови и со тоа да го продолжи патот кон директен влез во Прва лига.

Од друга страна Осогово ќе мора до позитивен исход со цел да го сочува бараж местото за опстанок, бидејќи Борец е на шест бодови негатива.

Преносот од натпреварот меѓу Осогово и Башкими ќе можете да го следите на спортскиот канал М Нет Спорт со почеток од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет