(ВИДЕО) Тифозите на Рома го начекаа Ентони Тејлор на аеродром, едвај спаси жива глава

Рома синоќа беше поразена во финалето на Лига Европа од Севилја, а тренерот Жозе Мурињо, но и симпатизерите на италијанскиот тим, беа згрозени од арбитражата на Ентони Тејлор.

Му замеруваа за два недосудени пенали, а најголемиот срам во тренерската кариера се чини дека англискиот судија го доживеа пред да си замине дома.

Тејлор на аеродромот во Будимпешта го пречекаа стотина навивачи на Рома, кои го нападнаа. Во еден момент сите се собраа околу него и сакаа да го тепаат. За негова среќа, брзо реагираше полицијата.

Текстот (ВИДЕО) Тифозите на Рома го начекаа Ентони Тејлор на аеродром, едвај спаси жива глава е превземен од МАКФАКС.