(Видео) „Се сокрив во кадата, тоа ме спаси“ – раскажа маж од Мисипи по разорното тонадо

Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се повредени во опасното невреме кое пропратено со торнадо ја зафати државата Мисисипи.

Екипите за пребарување и спасување денеска продолжија да копаат низ урнатините во потрага по преживеани, а стотици граѓани се раселени.

„Тоа е трагедија“, напиша гувернерот Тејт Ривс на „Твитер“, осврнувајќи се на штетите откако торнадото го погоди Мисисипи, 150 километри од запад кон исток.

„Степенот на загубите и штетите е евидентен денеска во сите погодени области“, рече тој по посетата на Силвер Сити, еден од најтешко погодените градови.

Ролинг Форк е речиси целосно срамнет со земја. Искршени автомобили, по улиците се расфрлани цигли и стакло. Еден жител изјави за „Би-Би-Си“ дека имал среќа што преживеал и открил дека побарал засолниште во кадата.

Американскиот претседател Џо Бајден во изјава рече дека ова се ужасни слики и истакна дека земјата ќе направи „се што може за да помогне… колку што е потребно“.

Торнадата, метеоролошки феномен кој е тешко да се предвиди, се честа појава во САД, особено во центарот и јужниот дел на земјата.

По разорното торнадо што го погоди јужниот дел на САД, американскиот претседател Џо Бајден рано утринава прогласи вонредна состојба во државата Мисисипи.

Со оваа одлука, најтешко погодените окрузи Керол, Хемфрис, Монро и Шарки им се ставени на располагање средства од федералниот буџет, пренесува АП.

Администраторот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби Дин Крисвел денеска треба да ги обиколи погодените области и да ја процени штетата.

Во меѓувреме, Националната метеоролошка служба (NMS) предупреди дека се’ уште постои ризик од посилни временски услови со силни ветрови, град и можно торнадо во источна Луизијана, јужен и централен Мисисипи и јужна и централна Алабама.

Врз основа на првичните проценки, торнадото е класифицирано како ЕФ-4, што значи дека било придружено со ветрови од 265 до 320 километри на час, соопшти НМС.

Текстот (Видео) „Се сокрив во кадата, тоа ме спаси“ – раскажа маж од Мисипи по разорното тонадо е превземен од МАКФАКС.