(Видео) Експлозии во Италија: Гори фабрика за хемиски растворувачи

Во хемиската компанија „Кеми“ во Новара на северот на Италија денеска избувна пожар, а градоначалникот ги предупреди граѓаните да не отвораат прозорци и да не ги напуштаат куќите доколку тоа е апсолутно неопходно.

Фабриката која преработува хемиски растворувачи се наоѓа во индустриската зона Сан Пјетро Мозеко, а голем црн облак се движел во правец на Ломбардија.

Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана. Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.

„Пожарот што утринава избувна во компанијата во Сан Пјетро Мозеко се уште трае, тој е под контрола на пожарникарите, но колоната чад може да создаде ризик од еколошка и здравствена катастрофа. На граѓаните им се препорачува да ги држат прозорците затворени и доколку не е потребно да останат дома. Исто така, се препорачува децата да останат во училницата со затворени прозорци“, рече градоначалникот.

Текстот (Видео) Експлозии во Италија: Гори фабрика за хемиски растворувачи е превземен од МАКФАКС.