(Видео) Градот Ролинг Форк срамнет со земја, торнадото сосема го уништи

„Целосно уништување. Додека гледам од лево кон десно, тоа е сè што гледам. Многу погодени и повредени семејства… Оваа заедница е во ситуација што никогаш не ја очекувавме. Мојот град го нема“, рече градоначалникот Елдриџ Вокер. „Но ние сме отпорни и ќе се вратиме“.

Поради силното невреме, луѓето во Алабама, Тенеси и Мисисипи останаа заробени во своите домови без струја. Дрвјата ги блокираа патиштата, а куќите беа речиси срамнети со земја.

Истото големо и разорно торнадо беше потврдено и во близина на заедницата Коил, според Националната метеоролошка служба, која издаде предупредување за најопасниот тип на торнадо за Ролинг Форк, Силвер Сити и блиската Англива.

Имаше најмалку 11 извештаи за појава на торнадо низ Мисисипи и Алабама во изминатите 24 часа, според Центарот за предвидување бури. Овие извештаи вклучуваат бура што ги погоди Ролинг Форк, Силвер Сити и Винона, Мисисипи.

Над 100.000 луѓе во тие области останаа без струја.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат срушени згради и автомобили превртени на страна, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините во темнината.

„Многумина во MS Delta имаат потреба од вашите молитви и Божја заштита вечерва“, напиша на Твитер гувернерот на Мисисипи, Тејт Рив. „Исто така, ангажиравме итната медицинска помош и го зголемивме бројот на амбулантни возила за да им помогнеме на загрозените. Во тек е потрага и спасување.

Текстот (Видео) Градот Ролинг Форк срамнет со земја, торнадото сосема го уништи е превземен од МАКФАКС.