Велика Британија испраќа нова помош за Украина

Велика Британија ќе додели дополнителни 16 милиони фунти хуманитарна помош за Украина по уништувањето на браната Каховка.

Помошта се состои од 10 милиони фунти за Црвениот крст, 5 милиони фунти за Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) и 1 милион фунти за Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Чамци, општински филтри за вода, пумпи за вода ќе бидат испорачани во Украина и се очекува да пристигнат следната недела.

Текстот Велика Британија испраќа нова помош за Украина е превземен од МАКФАКС.