Брегалница замина на подготовки во Пехчево, ќе се тестира и во Сандански!

ФОТО: Телевизија М Нет

Штипскиот второлигаш Брегалница денес заминува на подготовки во Пехчево, каде ќе ја одработи втората фаза од летните подготовки за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

Како што дознава телевизија М Нет екипата на Брегалница во Пехчево треба да остане до 31. јули, по што ќе се врати во Штип.

Веќе во среда Брегалница ќе одигра нов меѓународен пријателски натпревар со бугарскиот тим Вихрен, а истиот ќе се одигра во Сандански, Бугарија.

За на 27. јули е закажан тестот со второлигашот Осогово од Кочани кој ќе се одигра во Пехчево, а пак на 1. август Брегалница ќе се тестира со прволигашот Работнички, а овој тест ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Викендот Брегалница со 2:1 славеше над радовишки Детонит Плачковица, кој се одигра на Градски во Штип, а го одбележаа два атрактивни голови, на Анџело Николовски од радовишкиот второлигаш и на Столе Попоски од штипскиот тим.

Александар Ванев, М-Нет