Брахим Дијаз се врати во Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска го потврди дека Брахим Дијаз се врати во клубот. Младиот Шпанец изминатите три сезони играше на позајмица во Милан.

Реал потврди дека Дијаз ќе биде претставен во вторник на 13 јуни во 20:00 часот.

Реал во своето соопштение истакна дека Дијаз беше еден од клучните играчи на Милан во кампањата за скудетото минатата сезона, како и оваа сезона на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Тој пристигна во Реал во јануари 2019 година од Манчестер сити за 17 милиони евра. Откако не успеа да се наметне, прифати да оди на позајмица во Милано.

Шпанецот одигра 124 натпревари во дресот на Милан со учинок од 18 гола и 15 асистенции.

Текстот Брахим Дијаз се врати во Реал е превземен од МАКФАКС.