ФК „Вардар“ќе бара сламка на спасот во Струмица, а во Тетово ќе гостува Силекс

Мошне интересно, возбудливо и до крај неизвесно ќе биде 28 коло на Првата Македонска фудбалска лига. Престојат неколку натпревари за вистинска„борба“ за бегство од дното и фаќање приклучок кон средината на табелата. Во Струмица ќе се одигра мечот Академија Пандев – Вардар каде што тимот на скопјани ќе бара вистинска сламка на спасот. Интересно ќе биде и на Мечот помеѓу екипите на Ренова и на Силекс. Еве ги комплетните двојки за ова 28 коло:

  1. Ренова – Силекс
  2. Струга ТЛ – Пелистер
  3. Работнички – Македонија ЃП
  4. Борец – Шкупи
  5. Беласица – Шкендија
  6. А.Пандев – Вардар

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 18 април со почеток во 13.00 освен средбата Ренова – Силекс која ќе се одигра денес. Сите натпревари поради пандемијата ќе се одиграат без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk