
Под итно изгласување на законите поврзани со петтиот пакет мерки, е барањето на Стопанската комора на Македонија, но и на „Гласен текстилец“ Штип. По синоќешната седница во Собрание, претседателката на „Гласен текстилец“ Штип, Кристина Ампева, посочи дека периодот кои претстои конкретно во Источниот дел од државата ќе биде катастрофален.
„На синоќешната седница на Собрание видовме тотална несериозност, неодговорност, неразумност од страна на партениците, очигледно не им е приоритет да се исгласа петтиот сет на мерки, побитно им е да се надмудруваат на сметка на работниците“ – истакана Ампева.
Со донесување на петтиот пакет мерки работниците ќе добијат плата за месец февруари и март, можност за аплицирање фирмите имаат до 30 ти април, што во некои добри услови би значело дека плата за овие два месеци ќе се добие дури на 15 мај. Но што со работниците дотогаш?
По протестот на КСС кој се одвиваше со автомобили заради спречување на групирање, и најавата дека за протест се организираат и угостителите, во ова се приклучуваат и туристичките агенции. Според Ампева оправдано.
Со петтиот пакет антикризни мерки, се очекуваше помош на фирмите да можат да испалатат плата на нивните вработени, да ги задржат на работа работниците, и да не се зголеми бројот на невработеност. Прек нешто повеќе од недела дена, над три илјади текстилни работници само во Штип се оставени дома, на колективен одмор. Се влошува состојбата и во угостителските објекти, но и турситичките агенции. Минимален спас од целото ова е итното донесување на петтиот пакет антикризни мерки.
Лаура Стојанова М-Нет