
В недела се игра одлучувачкиот натпревар меѓу Соколи и Бутел за кој да патува во финалето каде ќе се судри со Струмица за влез во Супер лигата за следната сезона.
Кошаркарите на Соколи успеаја во Скопје да слават над Бутел и да израмнат на 1-1 во полуфиналната серија, па сега ќе се решава се во Штип.
Верните навивачи и целата штипска спортска јавност се мобилизираат за поддршка од трибината во салата „Јордан Мијалков“ со цел нивниот миленик да стигна до големото финале, каде ќе се бори против Струмица за место во елитата за следната сезона 2026/2027.
Соколи и минатата сезона беа на чекор од влез во елитата, а сега одново имаат шанса, со надеж дека оваа сезона ќе се оствари целта.
На првиот меч Бутел славеше во Штип, а пак на вториот Соколи славеше во Скопје.
Верните навивачи од „Ултра Банда“ се подготвуваат за силна поддршка, најавен е нивен собир за недела од 17 часот пред салата „Јордан Мијалков“.
Александар Ванев, М-Нет